Përmbajtja e detajuar sipas kapitujve dhe njësive
Воведни напомени • Значење на стандардизацијата на програмските јазици во контекст на нивната актуелност и конкурентност, преглед на библиотеките, појаснување на концептите на податочни формати како дел од библиотеките, Запознавање со сложените типови на податоци и образците за нивно креирање. резултати од учењето: запознавање со логиката и користењето на понапредни форми и алатки на програмирање
Интегрирани развојни околини за практична работа
● Работни практични концепти како надополнување на посточеките- облак активности во GitHub, и опционо MS Visual Studio за работа во C++, како изборна алтернатива на Dev C++ и Code::Blocks.
резултати од учењето: запознавање со дополнителни помошни алатки
Сложени типови на податоци
● Енумерации ● Унии ● Структури ● Референци ● Покажувачи ● Објекти и класи – надоградба на C во C++ ● Компатибилност, комплементарност и правила на практично користење на сложените типови на податоци ● Сложените тпови на податоци како основа за креирање на сопствени кориснички податоци ● Поврзување на сложените типови на податоци со библиотечни и кориснички функции
резултати од учењето: запознавање на ниво на имплелментација на сложените типови на податоци
Датотеки
● Дефиниција, значење, примена, ● Видови на датотеки ● Семантика и синтакса при работа со датотеки на ниво на програмскиот јазик C++, работни чекори и процедури на процерка на грешка ● Библиотека за поддршка на работата со датотеки ● Организација на влез/излез на ниво на датотека
резултати од учењето: запознавање со датотеки и нивно користење, како дополнителен начин на организација на влез и излез
Референци на стандардната C/C++ библиотека- избрани компоненти и функции
● Библиотека со податочни формати и функции за работа со време, и геенрирање на елементи на случајност ● Библиотека за работа со стрингови ● Библиотека за работа со датотеки
резултати од учењето: проучување и примена на наменски библиотеки од C/C++
Мемориски менаџмент
● Видови на мемориски менаџмент и неговото
практично значење
● Динамичка алокација на меморија
● Разлики меѓу класичен начин на работа и користење на динамичка алокација
● Практични примери за користење на мемориски менаџмент
Резултати од учењето: примена и значење на мемориски менаџмент
Стандардна библиотека за работа со шаблони
● Содржини, начин на користење и дополнителни можности кои ги дава STL- стандардната библиотека со шаблони
● Контејнери
● Вектори
● Итератори
● Алгоритми
Резултати од учењето: практично користење на составните делови на СТЛ
Споредба на програмски решенија без и со користење на стандардната библиотека на шаблони
● Решавање на задачи со менија и датотеки, и нивна преработка со елементите и можностите на STL
резултати од учењето: интегрално усвојување и имплементација на презентираните концепти низ пизирот на користење на СТЛ
Паралелно со секоја од целините се организирани аудиториски појаснувања со практична презентација преку примери, и се израбoтуваат индивидуални практични примери. Заради потребата од интегрирана примена на стекнатите знаења, при секоја наредна практична активност, новите поими и концепти ги прошируваат и во себе вклучувааат претходните основни познавања.
Во напредно програмирање, акцентот е на практична примена на напредните алатки и библиотеки, како и на начините на напредна организаија на податоците, што е суштина на ефективноста и ефикаснноста на С++.
