Përmbajtja e detajuar sipas kapitujve dhe njësive
Основни концепти и архитектура на складиштата на податоци. Проток на податоци, податочни центри, метаподатоци, компаниски и секторски складишта на податоци, статистичко процесирање, временски променливи податоци, проток на податоци, грануларност, придружени трошоци. Моделирање на складишта на податоци - податочни модели. Организација на податоците: ѕвездеста шема и снегулка шема на складиште на податоци. Хиперкоцки и повеќедимензионални бази на податоци. Технологии за аналитичка обработка (OLAP) на податоци. Проширувања на SQL стандардот за потребите на OLAP. Врска помеѓу оперативните бази на податоци и складиштата на податоци. Автоматско ажурирање на податоците во складиштата на податоци, прочистување и агрегација на податоците (ETLпроцеси). Изготвување на извештаи од складишта на податоци. Анализа на дистрибуирани податоци; Администрирање на складишта на податоци.
