Detailed syllabus by chapters and units
Вовед во дигитални системи 2. Бројни системи и кодови 3. Булова алгебра 4. Комбинаторна логика 5. Техники за редукција и оптимизација на дигитални системи 6. Секвенцијална логика 7. Дизајн и анализа на конечни автомати 8. Хардверски описни јазици, VHDL 9. Синтеза на дигитални хардверски системи на FPGA Резултати од учењето:
- Вовед во дигитални системи: Студентите се воведуваат во концептите на дигиталните системи и сигнали како и разликите и конверзијата од аналоген во дигитален домен.
- Бројни системи и кодови: Разбирање на бројните системи и кодовите како бинарниот, окталниот и хексадецималниот систем, и стекнување на вештини за конверзија помеѓу нив. Се истражуваат различни кодови, вклучувајќи го ASCII, BCD, Gray кодовите и други, и се применуваат во различни контексти со цел да се разбере потребата и примената на истите.
- Булова алгебра: Оваа тема обезбедува детално разбирање на буловата алгебра. Студентите усвојуваат знаење за буловите операции (И, ИЛИ, НЕ, НИ, НИЛИ, ЕКС ИЛИ), теоремите на буловата алгебра и методите за оптимизација на булови изрази. Се применуваат тие концепти во решавање на проблеми и во дизајнирање на логички системи.
- Комбинаторна логика: Студентите се запознаваат со комбинаторната логика, вклучувајќи го анализирањето на булови функции, изградба на комбинационни мрежи и дизајнирање на комбинаторни логички блокови. Се истражуваат примери како што се мултиплексери, демултиплексери, кодери, декодери, собирачи и други.
- Техники за редукција и оптимизација на дигитални системи: Студентите ги усвојуваат различните техники за редукција и оптимизација на дигитални системи, вклучувајќи ги Карновите мапи, методите за апроксимации и Квајн-МекКласки техниката за оптимизација.. Со ова се стекнуваат вештини за подобрување на перформансите и ефикасноста на дигиталните дизајни.
- Секвенцијална логика: Студентите се запознаваат со секвенцијалните логички системи, вклучувајќи: лечови, флип-флопови, регистри, бројачи.
- Дизајн и анализа на конечни автомати: Студентите се запознаваат со конечните автомати, вклучувајќи ги различните видови, како Милиев и Муров модел на автомати. Развиваат способности за дизајнирање и анализирање на конечни автомати кои опишуваат различни логички сценарија.
- Хардверски описни јазици, VHDL: Студентите се запознаваат со концептите на хардверските описни јазици, со фокус на VHDL. Ги учат основите за програмирање на хардвер во VHDL, што им овозможува детален дизајн и симулација на дигитални системи.
- Синтеза на дигитални хардверски системи на FPGA: Во овој дел, студентите се запознаваат со Field-Programmable Gate Arrays (FPGA) и процесите за програмирање. Развиваат способности за синтеза и имплементација на дигитални системи на FPGA, што ги подготвува за реални апликации и проекти.
