Концепти на информатичко општество

Целта на овој предмет е запознавање на студенти со основите промени во општеството како резултат на појавата и воведувањето на информациските и комуникациски технологии во секоја област. Резултат: Студентите ќе се запознаат со теориите и пристапите кои ја анализираат улогата на информатичката технологија, медиумите и знаењето во модерното општество. По завршување на модулот студентите треба: - да бидат способни критично да дискутираат, евалуираат и да ги анализираат главните теми, принципи, концепти и теории на информатичкото општество; - да покажат разбирање за важноста на информатичките технологии и нивното знаење во информатичкото општество; - да дискутираат за значењето на факторите кои придонеле за појава на информатичкото општество; - да дискустираат за промените кои настанале во начинот на кој функционира општеството денес во различните области; - да бидат свесни и ги лоцираат позитивните и негативните страни на промените во општеството кои настанале со воведувањето на овој вид технологии. Главниот резултат од изучувањето на предметот е сознанието за специфичноста на информатичкото општество и свесноста за широката примена на новите технологии денес.

Detailed syllabus by chapters and units

Причини и развој на информатичкото општество. Резултат: стекнати знаења за информатичкото општество како концепт (на глобално и индивидуално ниво). Столбови на информатичко општество: е-влада, е-владеење, е-демократија, е-работење, е-здравство, е-образование…. Резултат: стекнати знаења за клучните промени во наведените области со

примена на новите информатички технологии. Дигитален јаз. Резултат: препознавање на факторите кои влијаат на појавата на дигиталниот јаз и начините за нивно надминување. Информатичките технологии и дигиталните домови. Резултат: стекнато знаење за појавата и влијанието на технологиите и интернетот за промена на животот на луѓето. Компјутерски криминал. Резултат: стекнување на знаења за различните видови компјутерски криминал. Дигитален идентитет. Резултат: стекнување на знаења за поимот и начинот на градење на дигитален идентитет. Компјутерска етика. Резултат: совладување на начелата за постигнување етичко однесување во текот на користењето на компјутерите и другите видови алатки. Влијанието на технологиите врз човечките ресурси и работните места. Резултат: стекнување знаења за предностите и недостатоците на remote работењето, генерациските разлики. Паметни градови. Резултат: стекнати знаења за примената на технологиите за унапредување на животот на луѓето во големите градови во светот кои го добиле епитетот – паметен град.

Additional literature

No.AuthorsTitlePublisherYear
1Claudia SarroccoElements and Principles of the Information SocietyInternational Telecommunication Union2007
2Billenness, Clive, et al. editorsInformation Sciencies and e-SocietyZagreb: Intering2011
3Polyviou, Z. A.The Information Society: advantages and disadvantagesCyprus2007