Detailed syllabus by chapters and units
1.Вовед: концепт, управување, типови на информациските системи. Резултати од учењето: стекнување со знаење за деловните информациски систем и да ги идентификуваат функциите на различните типови ИС во деловните организации. 2.Планирање и развој на ИС: методологии за развој на ИС, управување со проектите за развој на ИС, нови трендови во развојот на ИС. Резултати од учењето: стекнување со знаење за различните методологии за развој на ИС и да ги дискутираат предностите и недостатоците на различните пристапи за развој на ИС. 3.Креирање и одржување на стратешки информациски системи, пристапи и предизвици. ИТ инфраструктура. Резултати од учењето: стекнување со знаење за фундаменталните барања за развој на стратешките ИС и да идентификуваат клучните критериуми за евалуација и избор на ИТ инфраструктура. 4.Ризици и заштита на ИС.
Резултати од учењето: запознавање со економските аспекти на безбедноста на информациите и главните видови ризици за информациските системи како и различни контролни и безбедносни мерки за заштита на ИС.
5.ИС во функција на деловното работење:
Веб-базирана организација во глобалното опкружување;
Трансакциско процесирачки системи (TPS);
Системи за планирање на ресурсите (ERP);
Системи за поддршка на одлучувањето (DSS);
Експертски системи (ES);
Системи за управување со знаења (KMS).
Резултати од учењето: стекнување со знаење за клучните компоненти од технолошката инфраструктура на различните ИС, нивната функција и придобивките од нивната примена во деловна организација.
Лабораториски вежби:
развивање на веб-базирано решение за ДО;
анализа на ЕРП системи.
Резултати од учењето: стекнување со вештини за развивање на веб-базирано решение за деловна организација согласно специфичните барања на организацијата; стекнување знаење за дизајн и развој на ЕРП систем преку компаративна анализа на функционалностите на две различни ЕРП решенија.
