Детална содржина по поглавја и единици
Воведни напомени • Историјат на развој на програмските јазици, класификација, карактеристики, примена; • SWOT анализа на С/С++ со проследување на ранкингот низ годините и моментална, тековна позиција според TIOBE IEEE Spectrum; • Области на примена, поврзаност со други програмски јазици; резултати од учењето: запознавање со работните каракеристики на С/С++, и логиката и потребата да се избере како почетен јазик за академско изучување на програмирање, Интегрирани развојни околини за практична работа
- Облак околини и работни ресурси за практична работа;
- Препорачани околинин за локална самостојна работа;
- Поврзување на работните околини ( облак кон десктоп и обратно) резултати од учењето: запознавање на ниво на имплементација на потребните алатки за подготовка и изврпување на програмите
Основи на C++
- Синтакса и семантика;
- Структура на програма,
- Променливи и константи,
- Основни и изведени типови на променливи,
- Синтакса за конверзија, кастирање,
- Класификација на оператори,
- Основен влез/излез,
- Видови коментари;
- Библиотеки во C++ (разгледување на општиот концепт, а на ова ниво запознавање со математичката библиотека) резултати од учење: запознавање на базична ситнакса и семнатика, преслискување на техники на решавање од математика и/или други области
Структурни наредби
- Намена на структурните наредби и класификација,
- Задавање на услови,
- Примена на структурните наредби,
- Наредби за гранење,
- Пре-тест и пост-тест јамки,
- Структурни елементи на јамките,
- Алтернативни замени помеѓу јамките,
- Реформулирање на структурните елементи, и
- Значење на избор на конкретен вид на јамка,
- Вгнездени структурни наредби резултати од учењето: запознавање со логиката на одлучување применета на ниво на гранење и повторување при програмирање, во зависност од меѓурезултати
Функции во C++
- Организација и редундантност на код
- Функции – концепт, составни компоменти, синтакса и семантика, поврзување, повикување, класификација
- Стандардизација на C++
- Библиотечни и кориснички функции- сличности и разлики, повикување на библиотеки, организирање во сопствени хедери резултати од учење: организација на код, справување со редундаднтност
Низи и стрингови
● Организација на податоците, причини, физикално значење, програмски бенефити ● Бројни низи и стрингови како низи од карактери-алтернативна синтакса, корелација, конверзија на податоци ● Низи и стрингови и нивно поврзување функции и стрктурни наредби ● Запознавање со делови од библиотеката за стрингови ● резултати од учењето: работа со податочните формати низа и стринг Основни напомени за алгоритми ● Појаснување на потребата од алгоритми, нивно познавање и користење ● Запознавање со алгормитмите за сортирање и пребарување на ниво на нивна наједноставна примена во низи и стрингови ● Разгледување на повеќе различни алгоритми и потребата од нивен развој и примена ● Ефикасност на алгоритмите во контекст на големината на податочните серии, и типот на податоци, преку критерум- брзина на извршување Резултати од учењето: разбирање на потребата од алгоритамски пристап, користење на наједноставните и најчесто користени форми Паралелно со секоја од целините се организирани аудиториски појаснувања со практична презентација преку примери, и се израбoтуваат индивидуални практични примери. Заради потребата од интегрирана примена на стекнатите знаења, при секоја наредна практична активност, новите поими и концепти ги прошируваат и во себе вклучувааат претходните основни познавања. Посебен акцент се става на користење на функциите, делови од библиотеките, низите, стринговите и основните алгоритми.
