Детална содржина по поглавја и единици
Вовед во економската наука: 1.1. Економијата како наука, 1.2. Природните наспроти општествените науки, 1.3. Како размислуваат економистите: „Добар” наспроти „лош” економист, 1.4. Микроекономија и макроекономија, 1.5. Позитивна и нормативна економија, 1.6. Основни принципи на економијата. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што претставува економијата како општествена наука и како треба да се размислува на економски правилен начин.
Централните економски проблеми: 2.1. Инпути и аутпути во економијата, 2.2. Законот за реткоста, 2.3. Потреби, оскудност и избор, 2.4. Темелни економски прашања: „Што, како и за кого да се произведува”?, 2.5. Економски системи, 2.5.1. Команден (централно-плански) економски систем, 2.5.2. Пазарен економски систем, 2.5.3. Мешовит (комбиниран) економски систем, 2.6. Граница на производните можности. Резултати од учењето: разликување инпути и аутпути во економијата, запознавање со законот за реткоста, запознавање со концептите на потреби, оскудност и избор, дефинирање на темелните економски прашања: „Што, како и за кого да се произведува” во рамките на една економија, стекнување знаења за различните економски системи: команден, пазарен и мешовит, како и дефинирање на границата на производни можности во рамките на една економија.
Основни елементи на понудата и побарувачката: 3.1. Поим за побарувачка и крива на побарувачката, 3.2. Фактори што ја детерминираат побарувачката, 3.3. Поим за понуда и крива на понудата, 3.4. Фактори што ја детерминираат понудата, 3.5. Пазарна рамнотежа. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е побарувачка и како таа може графички да се претстави, потоа кои се факторите што ја детерминираат побарувачката, што е понуда и како таа може графички да се претстави, кои се факторите што ја детерминираат понудата, што е пазарна рамнотежа и како таа може графички да се претстави.
Производна функција и анализа на трошоците: 4.1. Производна функција, 4.2. Вкупен, просечен и маргинален производ, 4.3. Комбинација и взаемна супституција на факторите на производство, 4.4. Видови трошоци, 4.4.1. Вкупни, фиксни и варијабилни трошоци, 4.4.2. Просечни трошоци, 4.4.3. Маргинални трошоци, 4.5. Сметководствен и економски профит. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е производна функција, што е вкупен, просечен и маргинален производ, какви видови на трошоци постојат, што претставува сметководствен, а што економски профит.
Вовед во макроекономија: 5.1. Цели на макроекономската политика, 5.2. Основни инструменти на макроекономската политика, 5.3. Агрегатна побарувачка и агрегатна понуда, 5.4. Бруто-домашен производ (БДП), 5.5. Кружниот тек во економијата, 5.6. Економски циклуси. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа кои се макроекономските цели и инструменти, што е агрегатна понуда, а што агрегатна побарувачка, што е бруто домашен производ, што претставува кружниот тек во економијата, што е економски циклус и кои се неговите периоди.
Невработеност и инфлација: 6.1. Поим, мерење и трошоци од невработеноста, 6.2. Видови на невработеност, 6.3. Причини за невработеност, 6.4. Поим, мерење и трошоци на инфлацијата, 6.5. Видови на инфлација, 6.6. Односи помеѓу инфлацијата и невработеноста. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е невработеност, како таа се мери, какви видови невработеност постојат, кои се причините за невработеност, што е инфлација, какви видови на инфлација постојат, каков е односот помеѓу инфлацијата и невработеноста.
Фискална и монетарна политика: 7.1. Фискална политика, 7.2. Буџет, 7.3. Даночен систем и видови даноци, 7.4. Монетарна политика, 7.5. Инструменти на монетарната политика, 7.6. Видови на монетарна политика. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е фискална политика, што е буџет, што се даноци и какви видови даноци постојат, што е монетарна политика, кои се инструментите на монетарната политика, какви видови монетарна политика постојат.
Карактер на бизнисот: 8.1. Поим и значење на бизнисот, 8.2. Класификација на бизнисот, 8.3. Разлики помеѓу големиот и малиот бизнис, 8.4. Бизнисот и опкружувањето, 8.4.1. Општо екстерно опкружување, 8.4.2. Посебно екстерно опкружување, 8.4.3. Интерно опкружување. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што претставува бизнисот, какви видови на бизниси постојат, кои се разликите помеѓу големиот и малиот бизнис, какви видови бизнис опкружување постојат.
Функционирање на бизнисот: 9.1. Отпочнување со бизнис и претприемништво, 9.2. Управување со бизнисот, 9.3. Маркетинг кај бизнисот, 9.4. Извори и начини на финансирање на бизнисот. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е претприемништво, како бизнисот треба да се управува, што е маркетинг кај бизнисот, кои се изворите и начините на финансирање на бизнисот.
