Финансиски менаџмент

Запознавање на студентите со изработка на финансиска анализа за една компанија, интерпретација на добиените финансиски показатели, донесување на финансиски одлуки; примена на техниките за оценка на ефикасноста на капиталните вложувања и проценка на ефикасноста на предложените инвестициски проекти, разбирање на карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност како извори на финансирање на компанијата, користење на напредни алатки за финансиска анализа.

Запознавање на студентите со изработка на финансиска анализа за една компанија, интерпретација на добиените финансиски показатели, донесување на финансиски одлуки; примена на техниките за оценка на ефикасноста на капиталните вложувања и проценка на ефикасноста на предложените инвестициски проекти, разбирање на карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност како извори на финансирање на компанијата, користење на напредни алатки за финансиска анализа.

Детална содржина по поглавја и единици

1.Вовед Областа на финансиите Функции на финансискиот менаџмент Цели на финансискиот менаџмент Улогата на финансиските пазари Резултати од учење: запознавање со значењето, целите и функциите на финансискиот менаџмент 2.Финансиски извештаи Биланс на состојба Биланс на успех Извештај за готовински тек Резултати од учење: разграничување на фианнсиските извештаи, нивна интерпретација и изработка на финансиски извештаи за една компанија 3.Финансиски анализи Анализи на коефициенти Коефицинт на профитабилност Коефициент на искористеност на средствата Коефициент на ликвидност Коефициент на искористеност на задолжувањето Резултати од учење: да ги интерпретираат добиените финансиски показатели и да го оценат финансиското работење на една компанија

  1. Извори на финансирање




Краткорочно финансирање Долгорочно финансирање Резултати од учење: да се запознаат со можностите за краткорочно и долгорочно финансирање, нивните предности и карактеристики

5.Финансиско одлучување Финансиско планирање Временска вредност на парите Трошок на капиталот Ризик и буџетирање со капиталот Резултати од учење: изработка и користење на финансиски плански документи како основа за донесување на финансиски одлуки;

6.Напредни алатки за финансиска анализа Финансиски известувања во Excel Практични примери Резултати од учење: совладување на Excel програмата како една од најкористените програми за вршење на пресметка, изработка на извештаи и анализа на податоци и најзина примена во сметководството, финансииите, финансискиот менаџмент и анализа.

Методи на настава

Теоретска настава, аудиториски вежби, групно учество на студенти во изработка на проекти или семинарски работи, одржување консултации со студенти
Неделни часови 5 часови
Вкупен фонд 150 часови
Услови за потпис Изработени и предадени проектни задачи

Наставни активности

ШифраАктивностЧасови
16.1Предавања- теоретска настава. часови45
16.2Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: часови30
16.3Пракса: часови10

Други активности

ШифраАктивностЧасови
17.1Проектни задачи: часови15
17.2Самостојни задачи: часови10
17.3Домашно учење - задачи40

Начин на оценување

писмено

Компоненти на оценување

ШифраКомпонентаПоени
19.1Тестови: бодови0
19.2Семинарска работа/проект, презентација писмена и усна: бодови20
19.3Завршен испит: бодови80

Скала на оценување

Опсег на поениОцена
до 50 бода5 (пет) (F)
51 х до 60 бода6 (шест) (E)
61 х до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)

Задолжителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Блок, Стенли Б; Харт, Џефри А.Основи на финансиски менаџментГлобал комуникации2008

Дополнителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Eugene Brigham, Michael C. EhrhardtFinancial Management: Theory & PracticeCengage Learning2013