Детална содржина по поглавја и единици
Моделите кои се користеле во софтверско инженерство за развој на системот, ISO стандарди за софтверско инженерство. Фази на животен циклус на развој на ИС. Резултат: запознавање на студентите со областа која ја покрива предметот, методологијата која ќе се користи и резултатите кои се очекуваат од секој од студентите: исходи во конкретно дефинирани проекти кои треба да се сработат од секој студент.
Планирање на изработка на информациски систем со користење на алатки (MS Project). Детектирање на кориснички бизнис барања (бизнис функционален модел), логички модел, физички модел. Користени фази во развојот на ИС: планирање, анализа, дизајн, деплојмент, имплементација. Методи за детектирање на кориснички барања: вештина на интерперсонална комуникација, интервју, прашалници, неопструктивни методи; системска анализа и системски предлог. Резултат: креирање на физибилити анализа и планирање на ризици; менаџмент на ИТ проекти, заеднички развој на апликации – документ Системска анализа и план.
Специјален фокус во предметот се дава на објектно-ориентираното моделирање со UML јазикот, вклучување на UML дијаграмите во фазите на животниот циклус. Три модели – функционален, структурен и бихевиористички. Унифицирани процеси и работни текови. Користење на дијаграм на активности, дефинирање на use case описи и сценарија, use case дијаграми. Резултат: креирање на конкретен функционален модел со своите UML компоненти во фазите на анализа, дизајн и имплементација.
Проектирање на структура на системот со дијаграми на класи, објекти, CRC картици. Резултат: креирање на конкретен структурен модел со своите UML компоненти CRC, class, object дијаграми за зададениот проект.
Модел на реализација на системот со динамички модел со користење на соодветните UML дијаграми, секвенцијални дијаграми, комуникациски, дијаграми на машински состојби (BSM), пакетски, компонентни дијаграми и дијаграми на инсталација. Пишување на псевдо-кодови за сложени делови, дефинирање на мокапи, операции, класи, методи, поврзувања и видови кохезии. Резултат: изработка на динамичките UML дијаграми за конкретен проект.
Поставување проектна околина за развој на ИС, правила и користени приоди за развој (SDLC, RAD, JAD, агилен развој - SCRUM, extreme programming, customer on the side). Deployment на ИС, тестирање, одење кон имплементација и одржување на системот, типови на тестирање и нивна примена во пракса. Управување со промени. Резултат: проект за Системски предлог со детали за целосен развој на системот по фази, со користење на објектно ориентирани модели – конкретно изработен индивидуален проект од секој студент посебно.
