Виртуелно инженерство

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните принципи на современото “компјутерски поддржано” инженерство, со посебен акцент на примена на виртуелната реалност во инженерството.

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните принципи на современото “компјутерски поддржано” инженерство, со посебен акцент на примена на виртуелната реалност во инженерството.
Резултати од учењето: Студентите да знаат да изработат во виртуелна реалност едноставна симулација на инженерски процеси и објекти.

Детална содржина по поглавја и единици

  1. Виртуелна и проширена реалност (примери за користење) Резултати од учење: Да знаат и разликуваат што се подразбира под виртуелна и проширена реалност.
  2. Хардвер за виртуелна и проширена реалност (компјутери, мобилни уреди, наочари, куполи, хаптички уреди и сл.) Резултати од учење: да се запознаат со различни уреди кои се користат за прикажување на содржини од виртуелното инженерство во виртуелна и проширена реалност.
  3. Компјутерски технологии и интерактивни мултимедиски програмски јазици за симулирање на инженерските процеси во виртуелна и проширена ралност (развојни околин, програмски јазици за виртуелна реалност, слободен и комерцијален софтвер). Резултати од учење: Да се запознаат со различни алатки (програмерски и непрограмерски) кои се користат за изработка на апликации за виртуелна и проширена реалност.
  4. Кориснички ориентирани техники за визуелизација во виртуелна реалност (внесување геометриски модели, интеракција, кориснички интерфејси во виртуелна реалност). Резултати од учење: Да знаат како геометриските 3D модели се внесуваат во алатки и развојни околина за виртуелна реалност, како

се дефинира интеракција со моделите во реално време, кои кориснички интерфејси се користат за движење низ 3D моделите. 5. Компјутерски поддржано инженерство – интеграција на реални процеси во виртуелна околина (компјутерска симулација во виртуелна реалност, симулација во реално време, визуелизација на резултатите). Резултати од учење: Да знаат како компјутерските симулации можат да се извршуваат во виртуелна околина и како се прикажуваат и се врши интеракција во реално време со резултатите од компјутерските симулации. 6. Алатки за поддршка при одлучување во инженерството, (оптимизација, анализа на трошоци, планирање, алатки базирани на знаење). Резултати од учење: Да знаат што се тоа алатки за поддршка при одлучувањето во инженерството и како се применуваат. 7. Процес на изработка на инженерска апликација во виртуелна реалност (избор на развојна околина, изработка и внесување на геометриски модел во виртуелна околина, интеракција со геометрискиот модел, поврзување на геометрискиот модел со математички модел за компјутерска симулација, симулација во реално време, прикажување/ визуелизација на резултатите од симулацијата, интеракција со резултатите од симулацијата, поддршка при одлучување/ што-ако анализа). Резултати од учење: Да знаат самостојно да изберат развојна околина или алатка и да изработат комплетна симулација на инженерски објекти или процеси во виртуелна или проширена реалност.

Методи на настава

Теоретска настава, лабораториски вежби, групно учество на студенти во изработка на проекти, самостојна изработка на проектни и самостојни задачи и семинарски работи, одржување консултации.
Неделни часови 5 часови
Вкупен фонд 150 часови
Услови за потпис нема

Наставни активности

ШифраАктивностЧасови
16.1Предавања- теоретска настава. часови45
16.2Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: часови30
16.3Пракса: часови0

Други активности

ШифраАктивностЧасови
17.1Проектни задачи: часови25
17.2Самостојни задачи: часови20
17.3Домашно учење - задачи30

Начин на оценување

практично

Компоненти на оценување

ШифраКомпонентаПоени
19.1Тестови: бодови0
19.2Семинарска работа/проект, презентација писмена и усна: бодови20
19.3Завршен испит: бодови80

Скала на оценување

Опсег на поениОцена
до 50 бода5 (пет) (F)
51 х до 60 бода6 (шест) (E)
61 х до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
Анкета на студенти, евалуација и самоевалуација

Задолжителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Игор НеделковскиВиртуелно инженерство (авторизирани предавања)2023
2Joe CecilVirtual Engineering ISBN: 978-1606500972;Momentum Press2010
3Samuel GreengardVirtual Reality (The MIT Press Essential Knowledge series) ISBN: 978-0262537520The MIT Press2019

Дополнителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Jason JeraldThe VR Book: Human-Centered Design for Virtual Reality (Acm Books, 8) ISBN: 978-1970001129Morgan Morgan & Claypool Publishers2015
2Jonathan LinowesUnity 2020 Virtual Reality Projects ISBN: 978-1839217333Packt Publishing2020
3Gerardus BlokdykVirtual engineering Complete Self-Assessment Guide ISBN 978-06553099185STARCooks2019