Кориснички интерфејси и интеракција човек-компјутер

Целта на предметот е студентите да ја разберат потребата од дизајнирање ефикасна комуникација меѓу компјутерот и корисниците. Резултат: По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на сите аспекти што го дефинираат концептот на корисничките интерфејси, да знае да моделира и имплементира кориснички интерфејси за апликации согласно барањата на корисниците и расположливата опрема и да знае да тестира и евалуира интерфејси на постоечки системи.

Целта на предметот е студентите да ја разберат потребата од дизајнирање ефикасна комуникација меѓу компјутерот и корисниците. Резултат: По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на сите аспекти што го дефинираат концептот на корисничките интерфејси, да знае да моделира и имплементира кориснички интерфејси за апликации согласно барањата на корисниците и расположливата опрема и да знае да тестира и евалуира интерфејси на постоечки системи.

Детална содржина по поглавја и единици

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед. Поим за кориснички интерфејси. Терминологија. Историја. Учесници во интеракцијата компјутер-корисник. Корисник. Влезни уреди, излезни уреди. Резултати од учењето: стекнување на знаење за корисник на интерфејсот, видови на корисници, профили. Разбирање на корисничко искуство.

  2. Интеракција. Модели на интеракција. Интеракциски стилови. Резултати од учењето: стекнување на знаење за начини на интеракција човек – компјутер, предности и недостатоци на секој од видовите на интеракција.

  3. Процес на дизајнирање кориснички интерфејси. Правила, принципи и стандарди за дизајнирање употребливи кориснички интерфејси. Директна манипулација. Менија и форми. Командни и природни јазици. Интеракција и одговор. Стил, прирачници и дизајнирање и имплементација на помош. Повеќекратни прозорци. CSCW. Резултати од учењето: стекнување на знаење за проектирање на информациска архитектура за кориснички интерфејс, концепти на архитектурата.




  1. Евалуација на кориснички интерфејси Резултати од учењето: стекнување на знаење за видови на евалуација, тестирање, инспекција и истражување на кориснички интерфејс.

  2. Програмска имплементација на мултимодална интеракција. Програмирање на мултимодална интеракција. Пребарување на информации. Web. Социјално влијание. Резултати од учењето: стекнување на знаење за практично проектирање на кориснички интерфејс, креирање на преглед, модели за софтверско проектирање на интерфејсот, креирање на профили на корисници, евалуација на направениот интерфејс.

Методи на настава

Методи на учење: теоретска настава, аудиториски вежби, лабораториски вежби, групно учество на студенти во изработка на проекти или семинарски работи, одржување консултации со студенти, учество во изработка на дипломски работи
Неделни часови 5 часови
Вкупен фонд 150 часови
Услови за потпис нема

Наставни активности

ШифраАктивностЧасови
16.1Предавања- теоретска настава. часови45
16.2Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: часови30
16.3Пракса: часови0

Други активности

ШифраАктивностЧасови
17.1Проектни задачи: часови15
17.2Самостојни задачи: часови10
17.3Домашно учење - задачи50

Начин на оценување

писмено

Компоненти на оценување

ШифраКомпонентаПоени
19.1Тестови: бодови0
19.2Семинарска работа/проект, презентација писмена и усна: бодови20
19.3Завршен испит: бодови80

Скала на оценување

Опсег на поениОцена
до 50 бода5 (пет) (F)
51 х до 60 бода6 (шест) (E)
61 х до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
Евалуација и самоевалуација

Задолжителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Костандина ВељановскаКориснички интерфејси и интеракција човек - компјутер – авторизирани предавањаУКЛО, Битола2020
2Dix A., Finley J., Abowd G., Beale P.Human Computer Interaction, 3rd edition,Prentice Hall,2004

Дополнителна литература

Ред.АвториНасловИздавачГодина
1Shneiderman B., Plaisant C.Designing the User Interface, 5th edition,Addison Wesley,2010