Детална содржина по поглавја и единици
Основи на програмирање за мобилни и таблет платформи за Андроид оперативниот систем (екосистем на Google) и iOS оперативниот систем (екосистем на Apple). Опис на популарни мобилни и таблет платформи и околини за развивање на софтвер за нив. Користење на библиотеки за програмирање. Интеракција со хардверски елементи на уредите: камери, акцелерометар, екран на допир, тастатура, GPS, итн. Клиент/сервер архитектура за мобилни уреди. Повеќејазичност. Дебагирање во симулатор и хардверски уред. Припрема за објавување на апликациите. Работење со оддалечени позадински системи (бекенд). Обработка на Google Firebase и сите сервиси на Фајрбејс. Автентикација на корисници, бази на податоци во облак, верзионирање, пријавување на грешки во облак - crashlytics. Праќање на нотификации. Праќање на настани и обработка на настаните во облак. Серверски функции и функционалности во облак. Начин на наплата на апликации и практична имплементација на наплатата. Извештаи од наплата и законско/правни договори. Специфични апликации за преносни уреди - часовници. Специфични апликации за уреди со големи екрани - Смарт Телевизори.
