Економија и бизнис

Цели на предметната програма (компетенции): запознавање на студентите со економските категории, законитости и проблеми, но, и со бизнисот како множество од активности со кои се обезбедуваат добра и услуги неопходни за економскиот систем, како и за остварување профит.

Цели на предметната програма (компетенции): запознавање на студентите со економските категории, законитости и проблеми, но, и со бизнисот како множество од активности со кои се обезбедуваат добра и услуги неопходни за економскиот систем, како и за остварување профит.
Резултати од учењето: стекнување на знаења од областа на економијата и бизнисот.

Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik

  1. Вовед во економската наука: 1.1. Економијата како наука, 1.2. Природните наспроти општествените науки, 1.3. Како размислуваат економистите: „Добар” наспроти „лош” економист, 1.4. Микроекономија и макроекономија, 1.5. Позитивна и нормативна економија, 1.6. Основни принципи на економијата. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што претставува економијата како општествена наука и како треба да се размислува на економски правилен начин.
  2. Централните економски проблеми: 2.1. Инпути и аутпути во економијата, 2.2. Законот за реткоста, 2.3. Потреби, оскудност и избор, 2.4. Темелни економски прашања: „Што, како и за кого да се произведува”?, 2.5. Економски системи, 2.5.1. Команден (централно-плански) економски систем, 2.5.2. Пазарен економски систем, 2.5.3. Мешовит (комбиниран) економски систем, 2.6. Граница на производните можности Резултати од учењето: разликување инпути и аутпути во економијата, запознавање со законот за реткоста, запознавање со концептите на потреби, оскудност и избор, дефинирање на темелните економски прашања: „Што, како и за кого да се произведува” во рамките на една економија, стекнување знаења за различните економски системи: команден, пазарен и мешовит, како и дефинирање на

границата на производни можности во рамките на една економија. 3. Основни елементи на понудата и побарувачката: 3.1. Поим за побарувачка и крива на побарувачката, 3.2. Фактори што ја детерминираат побарувачката, 3.3. Поим за понуда и крива на понудата, 3.4. Фактори што ја детерминираат понудата, 3.5. Пазарна рамнотежа. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е побарувачка и како таа може графички да се претстави, потоа кои се факторите што ја детерминираат побарувачката, што е понуда и како таа може графички да се претстави, кои се факторите што ја детерминираат понудата, што е пазарна рамнотежа и како таа може графички да се претстави. 4. Производна функција и анализа на трошоците: 4.1. Производна функција, 4.2. Вкупен, просечен и маргинален производ, 4.3. Комбинација и взаемна супституција на факторите на производство, 4.4. Видови трошоци, 4.4.1. Вкупни, фиксни и варијабилни трошоци, 4.4.2. Просечни трошоци, 4.4.3. Маргинални трошоци, 4.5. Сметководствен и економски профит. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е производна функција, што е вкупен, просечен и маргинален производ, какви видови на трошоци постојат, што претставува сметководствен, а што економски профит. 5. Вовед во макроекономија: 5.1. Цели на макроекономската политика, 5.2. Основни инструменти на макроекономската политика, 5.3. Агрегатна побарувачка и агрегатна понуда, 5.4. Бруто-домашен производ (БДП), 5.5. Кружниот тек во економијата, 5.6. Економски циклуси. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа кои се макроекономските цели и инструменти, што е агрегатна понуда, а што агрегатна побарувачка, што е бруто домашен производ, што претставува кружниот тек во економијата, што е економски циклус и кои се неговите периоди. 6. Невработеност и инфлација: 6.1. Поим, мерење и трошоци од невработеноста, 6.2. Видови на невработеност, 6.3. Причини за невработеност, 6.4. Поим, мерење и трошоци на инфлацијата, 6.5. Видови на инфлација, 6.6. Односи помеѓу инфлацијата и невработеноста. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е невработеност, како таа се мери, какви видови невработеност постојат, кои се причините за невработеност, што е инфлација, какви видови на инфлација постојат, каков е односот помеѓу инфлацијата и невработеноста. 7. Фискална и монетарна политика: 7.1. Фискална политика, 7.2. Буџет, 7.3. Даночен систем и видови даноци, 7.4. Монетарна политика, 7.5. Инструменти на монетарната политика, 7.6. Видови на монетарна политика. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е фискална политика, што е буџет, што се даноци и какви видови даноци постојат, што е монетарна политика, кои се инструментите на монетарната политика, какви видови монетарна политика постојат. 8. Карактер на бизнисот: 8.1. Поим и значење на бизнисот, 8.2. Класификација на бизнисот, 8.3. Разлики

помеѓу големиот и малиот бизнис, 8.4. Бизнисот и опкружувањето, 8.4.1. Општо екстерно опкружување, 8.4.2. Посебно екстерно опкружување, 8.4.3. Интерно опкружување. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што претставува бизнисот, какви видови на бизниси постојат, кои се разликите помеѓу големиот и малиот бизнис, какви видови бизнис опкружување постојат. 9. Функционирање на бизнисот: 9.1. Отпочнување со бизнис и претприемништво, 9.2. Управување со бизнисот, 9.3. Маркетинг кај бизнисот, 9.4. Извори и начини на финансирање на бизнисот. Резултати од учењето: стекнување знаења за тоа што е претприемништво, како бизнисот треба да се управува, што е маркетинг кај бизнисот, кои се изворите и начините на финансирање на бизнисот.





Öğretim yöntemleri

теоретска настава, аудиториски вежби, групно учество на студенти во изработка на проекти или семинарски работи, одржување консултации со студенти, учество во изработка на дипломски работи.
Haftalık temas saati 5 saat
Toplam iş yükü 150 saat
İmza koşulları Изработени и предадени проектни задачи

Öğretim etkinlikleri

KodEtkinlikSaat
16.1Предавања- теоретска настава. часови 450
16.2Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: часови 300
16.3Пракса: часови0

Diğer etkinlikler

KodEtkinlikSaat
17.1Проектни задачи: часови0
17.2Самостојни задачи: часови 100
17.3Домашно учење - задачи 650

Değerlendirme yöntemi

писмено

Değerlendirme bileşenleri

KodBileşenPuan
19.1Тестови: бодови0
19.2Семинарска работа/проект, презентација писмена и усна: бодови20
19.3Завршен испит: бодови80

Notlandırma ölçeği

Puan aralığıNot
Критериуми за оценување (бодови/ оценка)до 50 бода 5 (пет) (F)
Евалуација и самоевалуација

Zorunlu literatür

No.YazarlarBaşlıkYayıncıYıl
2Таки ФитиЕкономијаЕкономски факултет - Скопје2008
1Грегори МенкјуПринципи на економијатаНампрес (превод), Скопје2009
2Paul Samuelson, William NordhausEconomics, 19-th editionMcGraw-Hill International Edition2009