Програмата за организациско претприемништво е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образвоните потреби на студентите кои сакаат да започнат да градат кариера во областа на започнувањето на бизнис. Студентите ќе се стекнат со знаења, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе области. Предметната програма ќе ги подготви студентите за успешно и ефикасно приспособување на динамичната бизнис клима и за предизвиците и можностите што ги нуди бизнисот во 21- от век. Посебен акцент ќе се стави на развивањето и унапредувањето на способностите за иновации, тимска работа, на аналитичната спосбност, способноста за донесување на одлуки, способноста за лидерство, комуникација и сл. По комплетирање на програмата студентите се стекнуваат со бројни предности како можности за започнување сопствен бизнис, слобода за вработување, добро платени позиции кои бараат експерти со широки познавање од областа на претприемништвото и менаџментот. Областа на менаџментот доживува револуција која бара од менаџерите да направат повеќе со помалку средства, да ги ангажираат сите вработени, да ја гледаат промената наместо стабилноста како природна работа, и да инспирираат визија и вредности кои им овозможуваат на луѓето да креираат вистински колаборативни и продуктивни работни места. Програмата има за цел да им овозможи на студентите да се стекнат со знаењe за организациското претприемништво.