Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
Вовед во полуструктурирани податоци. Вовед во XML. Структура на XML документите. Резултати од учењето: Стекнување со знаења за полуструктурирани податоци, со елементите на XML и структурата на XML документите. Шеми на податоци DTD и XML Schema. Резултати од учењето: Стекнување со знаења за DTD и XML Schema. Навигација низ XML документите со XPath. Резултати од учењето: Стекнување со знаења за XPath и навигација низ XML документи. Манипулација врз XML документи преку XQuery. Резултати од учењето: Стекнување со знаења за поставување на прашалници преку XQuery и користење на кориснички дефинирани функции.
Вовед во NoSQL бази на податоци. Начин на структурирање, чување и манипулација со податоците организирани преку NoSQL базите на податоци. CAP теорема. BASE својства. Резултати од учењето: Запознавање со начинот на структурирање, чување и манипулација со податоците организирани преку NoSQL базите на податоци, со CAP теоремата и BASE својствата. Map- Reduce методологија за паралелно решавање проблеми. Резултати од учењето: Студентите да се запознаат со Map-Reduce методологијата. Клуч-вредност базираните бази на податоци. Прашални јазици. Резултати од учењето: Запознавање со карактеристиките на клуч-вредност базираните бази на податоци, нивните претставници и прашални јазици. Бази на податоци базирани на колони. Прашални јазици. Резултати од учењето: Запознавање со карактеристиките на базите на податоци базирани на колони, нивните претставници и прашални јазици. Граф-базирани бази на податоци. Прашални јазици. Резултати од учењето: Запознавање со карактеристиките на граф-базираните бази на податоци, нивните претставници и прашални јазици. Документ-базирани бази на податоци. Прашални јазици. Резултати од учењето: Запознавање со карактеристиките на документ-базираните бази на податоци, нивните претставници и прашални јазици. Најчесто користени NoSQL бази на податоци и нивната примена во различни домени и апликации. Резултати од учењето: Запознавање и работа со најчесто користените NoSQL бази на податоци.
