Инженеринг на ERP системи

Целта на предметот е да обезбедат знаења за информациските системи за планирање на компаниски ресурси (ERP) и за управување со вкупниот процес на производство, услуги. Фокус е ставен на инжинеринг на компонентите и модлуите на ERP системите, алатките за развој на интегрираните компаниски системи за планирање на компаниски ресурси. Бидејќи се модуларно изградени, дефинирани се модулите според функционални области и барања, но и според примена и архитектура (компаниска, веб cloud). Предметот треба да даде детален преглед на инжинерингот и дизајнот на ИС во деловните организации, почнувајќи од ИС за производство, услужни сектори и ИС кои можат да подржат канцелариското работење.

Целта на предметот е да обезбедат знаења за информациските системи за планирање на компаниски ресурси (ERP) и за управување со вкупниот процес на производство, услуги. Фокус е ставен на инжинеринг на компонентите и модлуите на ERP системите, алатките за развој на интегрираните компаниски системи за планирање на компаниски ресурси. Бидејќи се модуларно изградени, дефинирани се модулите според функционални области и барања, но и според примена и архитектура (компаниска, веб cloud). Предметот треба да даде детален преглед на инжинерингот и дизајнот на ИС во деловните организации, почнувајќи од ИС за производство, услужни сектори и ИС кои можат да подржат канцелариското работење.
Резултати од учењето: Предметот ќе ги развие способностите на студентите за согледување на потребната интеграција на компонентите на системите на компаниско ниво и конструктивно, критичко, аналитичко и практично размислување за информациските системи за планирање на компаниски ресурси во поширок размер.

Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik

Основи на производни ERP делови кои поддржуваат автоматизација и концепти на интеграција, компјутерски поддржан развој на производ, планирање и управување со производство, поддршка за одлучување во производните системи. Релациони и објектно-ориентирани модели и правила за инженеринг и дизајн. Стратегии и концепти за интеграција на ERP системите со системите за автоматизација на канцеларија, концепти за зголемување на ефикасноста, автоматизација, архивирање и заштита на

канцелариските документи, системи за управување со документи (Content management, document management), ИС за управување со компаниските информации, Web базирани ERP, интеграција на EDI, e-commerce, SCM, CRM, BI, BPM. Резултат: Студентите ќе стекнат знаења за модуларната структура со заеднички дефинирана база на податоци, архитектурата на ERP системите, нивниот инжинеринг за секој од елементите посебно, ќе изработат проект за инженеринг на Модул од ERP систем за конкретна задача како дел од целиот ERP систем, ќе ги креираат интерфејсите, врските со базата и ќе направат практичен функционален ERP модул, со користење на објектно ориентирани визуелни алатки за развој.





Öğretim yöntemleri

Предвидена е теоретска настава и практична работа на проект. Историјат и дефиниции на ERP системи, потреба од поврзување со MES системите, CIM, CAE, роботските системи преку CIM, анализа на потреби за поврзување и начини на аквизиција на податоците. Развојни фази на ERP системи, нивоа на умрежување за ERP, потреби и архитектура. Поделба според функционални области, архитектура и модуларност на ERP системи, инженеринг на модулите, инжинеринг на базата на податоци, инженеринг на кориснички интерфејси HCI, известување и визуелен репортинг. Врска на ERP системите со канцелариските системи за автоматизација на работењето, концепти кои се користат за автоматизација, CMS, DMS, ECMS, врски со CRM, SCM и BI системите. Покрај предавањата, предвидени се аудиториски и лабораториски вежби со алатките Access, MS Visual Basic for Aapplications (или по избор на студентот друга алатка) за креирање на база на ЕРП системот, кориснички интерфејси, врски за рефернцијален интегритет, копчиња, навигациски форми, заштита со password. Изработка на самостоен проект на секој студент во кој ќе се покажат знаењата стекнати по предметот – креирање на посебен модул од ERP систем – зададен од професорот, посебен за секој студент - практичниот проект се презентира пред колегите и се анализира критички за можни подобрувања, од него се креира семинарски труд со анализа на ERP модулот кој се развива.
Haftalık temas saati 5 saat
Toplam iş yükü 150 saat
İmza koşulları нема

Öğretim etkinlikleri

KodEtkinlikSaat
16.1Предавања- теоретска настава. часови45
16.2Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: часови30
16.3Пракса: часови15

Diğer etkinlikler

KodEtkinlikSaat
17.1Проектни задачи: часови10
17.2Самостојни задачи: часови10
17.3Домашно учење - задачи40

Değerlendirme yöntemi

писмено

Değerlendirme bileşenleri

KodBileşenPuan
19.1Тестови: бодови0
19.2Семинарска работа/проект, презентација писмена и усна: бодови10
19.3Завршен испит: бодови90

Notlandırma ölçeği

Puan aralığıNot
до 50 бода5 (пет) (F)
51 х до 60 бода6 (шест) (E)
61 х до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)