Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
- Вовед: основни концепти за учење на далечина. Резултати од учењето: запознавање со основни концепти за учење на далечина.
- Теории за учење (Бихејвиоризам, Когнитивизам, Конструктивизам). Резултати од учењето: запознавање со различните теории за учење.
- Примена на технологии кај учењето на далечина. Резултати од учењето: запознавање со различните технологии во функција на учење на далечина и стекнување знаење за нивна примена.
- Системи за учење на далечина. Резултати од учењето: стекнување знаење за училница на далечина и управување со училницата на далечина; запознавање со примери на системи за учење на далечина и способност за нивна компарација.
- Управување со наставата и учењето на далечина. Резултати од учењето: секнување знаење за управувањето со
настава на далечина: инструкциски дизајн и предавање на далечина; подготовка на материјали и задачи; студентот во учењето на далечина. 6. Дигитални содржини. Резултати од учењето: запознавање со различни методи и алатки за креирање на дигитални содржини; стекнување вештини за креирање на дигитални содржини. 7. Евалуација на наставата и учењето на далечина. Резултати од учењето: запознавање со процесот на евалуација на инструкцискиот дизајн; запознавање со стратегиите за оценување (онлајн квизови и тестови, синхрона и асинхрона комуникација); запознавање со мерките за оценување и рубриките; запознавање со новите трендови во оценувањето. 8.Имплементација на системите за учење на далечина. Резултати од учењето: стекнување знаење за различните методи за планирање, дизајн, развој и имплементација на системите за учење на далечина. 9. Виртуелни лаборатории, виртуелни училници, социјални мрежи и мултимедија. Резултати од учењето: запознавање со популарни виртуелни лаборатории, виртуелни училници; запознавање со можностите на социјалните мрежи и мултимедијата кај учењето на далечина. 10. Трендови кај учењето на далечина. Резултати од учењето: запознавање со новите трендови кај учењето на далечина. Лабораториски вежби: планирање и дизајн на систем за далечинско учење.
