Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
Електро-магнетно зрачење и Радиометрија: Карактеристики на електро-магнетните бранови, радиометриски големини (Radiant Flux, Radiant Intensity, Irradiance, Radiance). Стандардни извори на осветлување. Распределба на спектралната моќ на изворите на светлина, стандардни распределби на спектралната моќ на изворите A, B, C, D (D50, D55, D65, D75), E и F (F1 - F12). Студентите ќе се запознаат со основните поими и големини од Радиометријата, како и со математичките (графичките) репрезентации на стандардните извори на осветлување и нивната примена во процесирањето на мултимедиски податоци. Фотометрија: Начин на функционирање на човечкиот визуелен систем, Фотометриски големини (Luminous Flux, Luminous Intensity, Illuminance, Luminance). CIE XYZ 1931: Карактеристики на CIE XYZ 1931, претворање на вредности помеѓу CIE RGB и CIE XYZ 1931, CIE дијаграм на хроматичност, несовршености кај CIE XYZ 1931. Студентите ќе се запознаат со фотометријата како наука и начинот за пресметување на основните фотометриски големини, како и со CIE XYZ 1931 колор моделот, кој
претставува дефакто стандард на кој се засноваат сите подоцнежни колор модели, а воедно и колор модел со кој се дефинираат и сите стандарди за дигитално кодирање на видео. Lightness, Luminance и Гама корекција: Перцепција на светлина и Гама корекција при различни процеси (кодирање и декодирање). Колор модели за видео и редукција на колор информации: Luma и Chroma. Колор модели Y’UV, Y’IQ, Y’DbDr, Y’PbPr, Y’CbCr. Модели за редукција на колор информации 4:4:4, 4:2:2, 4:2:0, 4:1:1. Студентите ќе се запознаат со перцепцијата на светлина на човечкиот визуелен систем и потребата, со начините за прилагодување на кодирањето на видео податоците и со колор моделите кои се користат за кодирање на видео и нивните карактеристики. Стандарди за аналогна и дигитална телевизија: NTSC, PAL, SECAM, HDTV, ATSC, DVB, DTMB, DMB. Стандарди за параметрите за дигитално кодирање на видео: Rec. ITU-R BT.601, Rec. ITU-R BT.709, Rec. ITU-R BT.2020. Студентите ќе се запознаат со стандардите за емитување на аналогна и дигитална телевизија, како и со стандардите за параметрите за кодирање на дигитално видео за примена во телевизиски системи. Техники и стандарди за видео кодирање (компресија): Кодирање на низи од повторувачки вредности, Ентрописко кодирање, Дискретна косинусна трансформација, Квантизација, временска компресија. Историски осврт на стандардните и нестандардните формати за кодирање на дигитално видео, и нивните карактеристики. Студентите ќе се запознаат со техниките, процесот и стандардите за кодирање на дигитално видео. Звучни бранови и дигитално аудио: Карактеристики на звучните бранови, процес на кодирање на дигитално аудио (Pulse-Code Modulation). Студентите ќе се запознаат со карактеристиките на звучните бранови и нивното претворање во дигитален облик. Дигитални аудио формати и стандарди: Аудио компресија без загуби, аудио компресија со загуби, аудио стандарди и формати за кодирање на говор, аудио стандарди и формати за широка употреба, карактеристики на форматите за аудио кодирање. Студентите ќе се запознаат со техниките и форматите за кодирање на дигитално аудио. Мултимедиски сервиси: Интернет телевизија, Веб телевизија, Peer-2-Peer телевизија, Video on Demand, Мрежи за испорака на содржини итн.. Студентите ќе се запознаат со основните концепти и технологии за пренос на мултимедиски содржини. Квалитет на услугите, синхронизација, интеракција: Параметри за оценка на квалитет на услуги (Quality of Service) кај мултимедиските системи и комуникации. Синхронизација на медиумите и подршка за прикажување во реално време. Интерактивни мултимедиски околини. Студентите ќе се запознаат со предизвиците при пренос на мултимедиски содржини, одржување на квалитетот на услугите, синхронизација и интерактивност.
