Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
- Виртуелна и проширена реалност (примери за користење) Резултати од учење: Да знаат и разликуваат што се подразбира под виртуелна и проширена реалност.
- Хардвер за виртуелна и проширена реалност (компјутери, мобилни уреди, наочари, куполи, хаптички уреди и сл.) Резултати од учење: да се запознаат со различни уреди кои се користат за прикажување на содржини од виртуелното инженерство во виртуелна и проширена реалност.
- Компјутерски технологии и интерактивни мултимедиски програмски јазици за симулирање на инженерските процеси во виртуелна и проширена ралност (развојни околин, програмски јазици за виртуелна реалност, слободен и комерцијален софтвер). Резултати од учење: Да се запознаат со различни алатки (програмерски и непрограмерски) кои се користат за изработка на апликации за виртуелна и проширена реалност.
- Кориснички ориентирани техники за визуелизација во виртуелна реалност (внесување геометриски модели, интеракција, кориснички интерфејси во виртуелна реалност). Резултати од учење: Да знаат како геометриските 3D модели се внесуваат во алатки и развојни околина за виртуелна реалност, како
се дефинира интеракција со моделите во реално време, кои кориснички интерфејси се користат за движење низ 3D моделите. 5. Компјутерски поддржано инженерство – интеграција на реални процеси во виртуелна околина (компјутерска симулација во виртуелна реалност, симулација во реално време, визуелизација на резултатите). Резултати од учење: Да знаат како компјутерските симулации можат да се извршуваат во виртуелна околина и како се прикажуваат и се врши интеракција во реално време со резултатите од компјутерските симулации. 6. Алатки за поддршка при одлучување во инженерството, (оптимизација, анализа на трошоци, планирање, алатки базирани на знаење). Резултати од учење: Да знаат што се тоа алатки за поддршка при одлучувањето во инженерството и како се применуваат. 7. Процес на изработка на инженерска апликација во виртуелна реалност (избор на развојна околина, изработка и внесување на геометриски модел во виртуелна околина, интеракција со геометрискиот модел, поврзување на геометрискиот модел со математички модел за компјутерска симулација, симулација во реално време, прикажување/ визуелизација на резултатите од симулацијата, интеракција со резултатите од симулацијата, поддршка при одлучување/ што-ако анализа). Резултати од учење: Да знаат самостојно да изберат развојна околина или алатка и да изработат комплетна симулација на инженерски објекти или процеси во виртуелна или проширена реалност.
