Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
Вовед во технологијата на блоковски вериги. Кориснички случаи.
Резултати од учењето: студентите да се запознаат со концептите на технологијата на блоковски вериги.
Механизми на блоковски вериги – ledger. Механизми на блоковски вериги – својства.
Резултати од учењето: студентите да се запознаат со механизмите и својствата на технологијата на блоковски вериги.
Функции на блоковски вериги. Паметни договори. Јавни и приватни мрежи. Трансакции. Консензус.
Резултати од учењето: студентите да се запознаат со функциите на блоковски вериги.
Идентитет и анонимност на блоковски вериги. Примена на технологијата на блоковски вериги.
Резултати од учењето: студентите да се стекнат со знаење за идентитетот и анонимноста на блоковските вериги и нивната примена.
Изработка на проектна задача од актуелни поглавја на технологијата на блоковските вериги.
Резултати од учењето: студентите да изработат и презентираат проектна задача.
