Bölümler ve birimler bazında ayrıntılı içerik
Содржина на предметната програма:
- Интелигенција. Идентификување и формулирање на проблем кој може да биди решен со вештачка интелигенција, избор на алгоритам, примена на решение од вештачка интелигенција, интелигентни агенти, видови, дизајнирање на интелигентни агенти, евалуација на агенти, дефинирање на целите, анализа на задачите и развој на интелигентен систем Резултати од учењето: стекнување на знаење за начинот на претставување на проблем кој треба да го реши интелигентен систем.
- Основи на когнитивна наука (перцепција, осознавање, меморирање и учење). Резултати од учењето: стекнување на знаење за
начинот на перцепирање, меморирање, учење и останатите функции на мозокот и можностите за нивно пресликување кај вештачката интелигенција. 3. Примена на интелигентни системи во реални случаи, интелигентни системи на web Резултати од учењето: стекнување на знаење за начинот на кој се претставуваат видови на интелигентни системи. Разгледување на видови на интелигентни системи. 4. Презентација и опишување на интелигентен систем, интелигентни технологии и модели, интеракција човек – компјутер, софтверски алатки. Резултати од учењето: стекнување на знаење за реализација на интеракција човек – компјутер со помош на интелигентни агенти. 5. Модели на реални системи. Модели за учење. Видови на невронски мрежи и управување со помош на невронски мрежи. Комбинирање на класификатори. Еволутивно пресметување и примена. Препознавање на облици и говор. Резултати од учењето: стекнување на знаење за различни реални примени на интелигентни техникии проблемите кои можи да се јават при примената на вештачката интелигенција.
